
Оваа работилница е креирана за родителите на ученици од одделенска настава со цел да им се посочат позитивните и негативните содржини на интернет и нивната улога во медиумската писменост на децата.
Во воведниот дел на работилницата родителите ќе се запознаат со примери на позитивни и негативни содржини во медиумите и со истражувања за сигурноста на децата на интернет. Родителите за време на работилницата ќе имаат можност и сами да прегледаат некои медиумски содржини и да ги споделат своите мислења за истите со другите учесници во работилницата. /Љубица Ружинска/