
Ова работилница има за цел да ги поттикне учесниците да станат критични медиумски корисници. Преку анализа на фотографии од професионалните медиуми, учениците ќе имаат можност да разберат како тие фотографии понекогаш драстично се изменети со цел да прикаже идеален изглед. Учениците ќе развијат стратегии како да се спротистават на пристисоците да се постигне идеалниот изглед, да не се споредуваат себе си со нив и да изградат самодоверба за сопствениот изглед.
Работилницата е креирана за учениците од предметна настава. Работилницата ја подготви Љубица Ружинска од партнер-училиштето ООУ „Лазо Ангеловски“ од Република Северна Македонија. Сите потребни материјали за изведување на работилницата се достапни подолу во PDF формат. /Љубица Ружинска/
[…] Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк. […]
LikeLike
[…] Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк […]
LikeLike