
Цел на оваа работилница е да се прилажат можностите за заштита на приватноста на интернет и значењето на дигиталниот траг. За време на работилницата учениците ќе дискутираат за различни видови приватност (својата и приватноста на другите) и ќе направат список со совети што ТРЕБА и НЕ ТРЕБА да прават за да се заштити идентитетот онлајн давајќи примери од сопствено искуство.
Работилницата е креирана за учениците од предметна настава. Работилницата ја подготви Валентина Петрова од партнер-училиштето ООУ „Лазо Ангеловски“ од Република Северна Македонија. Сите потребни материјали за изведување на работилницата се достапни подолу во PDF формат. /Љубица Ружинска/
[…] Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк. […]
LikeLike