
Работилницата е креирана за родителите на учениците од предметна настава. За време на работилницата родителите ќе се запознаат со раличните аспекти на дигитализацијата со цел да бидат подготвени да им помогнат на децата да ги почитуваат чувставата, приватноста и сопственоста на останатите луѓе упатувајќи ги кон вистинската патека низ животот во дигиталниот свет.
Работилницата ја подготви Милена Игњатова од партнер-училиштето ООУ „Лазо Ангеловски“ од Република Северна Македонија. Сите потребни материјали за изведување на работилницата се достапни подолу во PDF формат. /Љубица Ружинска/